Исусе те сакам...
Исусе те сакам...
Шокантен опис на прогон на свештеници во Русија....!!!!!
Свештеник кој ги преживеал прогонствата го напишал следново за неговиот притвор:
„Никогаш нема да престанам да му благодарам на Бога за годините што ги поминав во затвор во апсолутна изолација.
Бев три години внатре, длабоко десет метри под површината на земјата.
Никогаш не слушнав збор, никогаш не кажав збор.
Немаше книги.
Гласовите кои надвор, сите замолкнаа, не се слушаа повеќе.
Стражарите носеа чевли со гумен ѓон, нивното доаѓање не се слушаше.
Потоа, како што минуваше времето, сите внатрешни гласови замолкнаа.
Ни дадоа дрога (психотропни лекови), и нѐ тепаа.
Заборавив сè од теологијата. Ја заборавив целата Библија.
Еден ден забележав дека го заборавив и „Оче наш“.
Не можев да се сетам на тоа. Знаев дека почнува со „Оче наш“, но веќе не знаев како продолжам.
Го задржав мојот оптимизам и реков: „Оче наш, ја заборавив молитвата, но Ти сигурно ја знаеш.
Те молам, стави ангел на моето место да го каже тоа а јас ќе молчам“!
Некое време мојата молитва беше „Исусе, те сакам“.
И по некое време повторно „Исусе, те сакам“. Подоцна дури и тоа ми беше тешко да го кажам, бидејќи ни даваа по едно парче леб за една недела.
Тоа беа тепањата и мачењата и немањето светлина и други работи.
Веќе не можев да го соберам умот дури и да кажам „Исусе, те сакам“.
Највисоката форма на молитва што ја знам е тивкото чукање на срцето што го сака Него.
На Исус му треба само „тик-а-так“, „тик-а-так“ и ќе знае дека секој ритам е посветен Нему“
Извор: (Магазин Протатон, јануари февруари 1991 година, стр. 27.
За условите на притвор на христијанските затвореници во советските затворски логори)
Comments
Post a Comment
Напиши коментар