Што да правиме кога сме тажни?...
Што да правиме кога сме тажни?
Често во животот доаѓа и не удира бран од тешки мисли, бран од тага.
Најдобро од се е да молчите. Не треба многу да размислуваме. Господ знае, Тој обезбедува колку можеме да издржиме. Каква тежина на тага можеме да поднесеме.
Во овој случај мораме веднаш да му пристапиме на Господ, кој е за нас, како нашата топла куќа во зима. Да молчиме. Добро е да се молчи, бидејќи веднаш не можеме да го совладаме бранот тешки мисли и тага.
Честопати имаме мисли за нашата иднина која е полна со несигурност.
Се прашуваме: Како ќе ја завршиме оваа работа, како ќе го решиме овој проблем?
Затоа е добро да молчиме, да се смириме и да си го окупираме умот со нешто.
Бидејќи нашиот ум е навикнат да талка насекаде, затоа треба да му дадеме добра занимација. Ова занимање е молитвата.
Така постепено учиме да се молиме и молитвата ни станува навика.
Како и секоја друга работа што сме навикнати да ја работиме, така учиме да се молиме. И откако молитвата ни станува навика по некое време се молиме без размислување.
Како и со секоја едноставна работа што сме навикнати да ја работиме. Нашите раце работат и работата е завршена. Така е и со молитвата. Малку по малку молитвата станува навика.
Полека, полека, се случува внатрешна молитва. Тогаш и нашето срце непрестајно се моли.
И кога Господ ќе го види нашиот труд, ќе види како го бараме со сето срце и сакаме да бидеме едно со Него, тогаш веднаш ни го дава Својот благослов и Својата сила.
Старец Тадеј Витовнички
Comments
Post a Comment
Напиши коментар