Света Марина се појавила како медицинска сестра во 2006 година

 Света Марина се појавила како медицинска сестра во 2006 година



Чудото на Киријакос Курумунос од Арадипу (населба во Крит), кое се случи на 23 март 2006 година, е едно од најшокантните чуда на Света Марина.

Киријакос требало да ја оперира ногата и бил примен во болница на денот на Благовештението на Богородица, како што карактеристично ни кажува:

„По црквата отидов во болница со ќерка ми, која е медицинска сестра. Ги направија потребните испитувања и кога отидов во мојата соба, се јавив во манастирот да пријавам дека ќе одам на операција.

Отците ме уверија и ми рекоа дека ќе се молат и се ќе биде во ред.

Го спуштив телефонот и легнав да одморам, бидејќи не кријам, многу се плашев, бидејќи ногата ми беше во лоша состојба од претходните операции. Почнав да ги повикувам светителите да ми помогнат, а особено Света Марина, која многу ја почитувам.

Понеделник наутро, 27 март, се подготвив, го направив крстот и тргнавме на операција, седејки на количката. Влеговме во операционата сала чекајќи ги последните процедури. Откако сè беше подготвено, тргнавме кон операцијата.

Зад ќерка ми, напред медицинска сестра и настрана медицинска сестра облечена во бело. Ме ставија на операционата маса и почнаа со подготовките. Медицинската сестра во бело е присутна. Анестезиологот спремен да ми вбризга анестезија во пршлен затоа што имам проблем со вратот и не требаше да спијам. Ќерка ми десно и Медицинската сестра во бело лево се наведна и ми ја даде инјекцијата. Воопшто не болеше, само малку убод. Тогаш медицинската сестра во белото скоро до моето уво ми вели:

„Не плашете се, ќе бидете добро“. Ме легнаа, ми дадоа серуми, и почнаа со операцијата. Пред мене ставија екран за да не гледам. Анестезиологот ме праша дали сакам да ми инјектира малку да спијам и да не ги слушам алатите, но јас одбив.

Започна операцијата која траеше час и половина. Ја гледав медицинската сестра во бело, таа беше до ќерка ми, тогаш докторот ми вели:

„Киријако, завршивме, Фала Богу, се помина добро“.

Ме ставија на количката и ме однесоа во другата соба на рендген и да се опоравам од локалната анестезија.

Откако излеговме од операционата сала, никогаш повеќе не ја видов медицинската сестра во бело.

Ме однесоа на 5-ти кат во соба 7. Ми ги ставија потребните работи (лекови и сл.) и ме пуштија да одморам. До мене се моите. Денот полека минуваше.

Кога се раздени, медицинските сестри почнаа да доаѓаат и одат, да вадат крв за анализа.

Околу 10:00 часот доаѓаат со шише крв. Прашувам што се случува. Ми рекоа дека мора да стават крв. Потоа повторно почнав да се молам на светиите и секако на Света Марина.

Ги затворив очите да се одморам и потоа ме посети медицинската сестра во бело и ми вели: „Се ќе биде во ред, бев на операција со тебе“ ја прашувам која си и таа ми одговара: „Дојдов од далеку, од каде доаѓаш и ти!“ Потоа ги отворив очите и ја видов како трча низ ходникот. Го прашав човекот до мене дали видел некои медицински сестри како заминуваат и ми рече не.

Потоа дојде сестрата да ги погледне крвта и лековите и ја прашав дали во операционата сала влегуваат и медицински сестри во бела облека. Тогаш таа стана, го направи својот крст и ми рече: „Видовте нешто“. На кој светец му се молеше? „И кажав многу светци, а исто така и Света Марина од Андрос.

Го славам Бога и Света Марина, со чија милост верувам дека ќе бидам добро“.


Comments