Бидете православни мисионери

 „...и тој им рече: „Појдете по Мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“ (Матеј 4:19).

Кога православен мисионер му приоѓа на случаен минувач на улица со понуда да зборува за Бога, тој обично наидува на истата реакција: „Повторно овие секташи...“. А кога случаен минувач ќе чуе како одговор: „Ние сме православни христијани“, тој најчесто реагира со зборовите: „Православните не проповедаат така“. Очигледно, Господ дозволува ширење на секташтвото, бидејќи Неговите деца заборавиле на нивните директни должности. Но, откако ја вкусивте сладоста на мисионерската работа, разбирате колку е тоа неопходно. На крајот на краиштата, ако не се обидеме да ги спасиме оние што пропаѓаат, тогаш не го сакаме ближниот, но  ,,Ако некој рече: „Го сакам Бога”, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел? (1 Јованово 4:20).

Свештеномаченик Даниил Сисоев

Comments