За клевета...


 

За клевета



Клеветата е лажно обвинение. Клеветникот се нарекува и е ѓавол, затоа што како што ѓаволот лажно ги навел прародителите и го налутил Бога, така и завидливиот, клеветникот, лажно ги обвинува своите браќа и убедува мнозина да му поверуваат.

Клеветникот си наштетува себеси, штети на клеветениот, штети и на тие што го слушаат... 

Сепак, оние кои се наклеветени имаат трпение, ги прифаќаат клеветите и им простуваат на клеветниците се достојни за благословот: Блажени сте кога луѓето ве мразат... и лажно  зборуваат против вас...

Меѓутоа, на многумина им штетат и со тоа што се клеветат, бидејќи клеветата ги раздвои легитимните бракови и саканите жени, ги направи непријатели добрите пријатели, роднините и браќата, фрлаше невини луѓе во затвори, а други ги испраќаше во егзил и смрт. Затоа, клеветата е најголемиот грев и духовно мора да ги подреди клеветниците како убијци...



Старец Филотеј Зервакос


Comments