Во послушанието е погледот на Христос

Во послушанието е погледот на Христос


Кога се покоруваме, тогаш ги наводнуваме цвеќињата на доблестите за да процветаат.

Послушност и кога не се согласуваме, бидејќи не е можно да се прекине врската со мајката Црква. Кога бевме деца не се согласувавме за многу работи со нашата мајка, но таа секогаш беше наша мајка. Никогаш не се откажавме од неа.

 Забораваме нешто многу важно браќа мои. Зад свештеникот, владиката, синодот и патријархот, Црквата ја држи Христос, бидејќи Црквата е Самиот Господ, тоа е Неговото Тело и Крв.

 Зошто да си го мачам срцето? Од која причина да дозволам виорот од помисли да ми ја нарушат внатрешната смиреност, бидејќи знам дека Господ е насекаде и секогаш и дека  „ни влакно од главата ваша нема да загине; со трпение спасувајте си ги душите“(Лука 21:18-19).

 Послушноста нè ослободува. Ги раскинува синџирите на заробеништво затоа што Христос води, а вие следите. Кога го послушате вашето Его или вашата имагинација или мрачни сили, одите слепо со измамен водич. Но, кога му се покорувате на Отецот кој знае сè, таму сте ослободени, таму пресметките на грижата престануваат, таму бродот сега има доверлив кормилар кој ги знае патиштата и опасностите да ве заштити.

 Во Црквата послушанието не е бесмислено ропство на идол или идеологија, тоа е доверба во личност која дејствува и таа личност е Христос.

 Ако на пет години си ја пуштил раката на татко ти што те држела и те водела, тогаш почнал и се родил стравот затоа што татковската врска била „скршена“. Сега го губите патот, не знаете како да се соочите со опасностите бидејќи сега сте незаштитени. Но, кога го држите за рака, не ви е гајле за ништо, што и да се случи, имате самодоверба дека знае каде ве носи затоа што ве сака несебично и му верувате.

Најубавата и најтрогателна фраза за повикување во Божествената Литургија е:

Нашите глави да ги приклониме пред Господа. Ние не само што ги приклониме главите, туку го поклонуваме своето битие на Оној кој има изброени влакна на нашата глава. На Оној кој е Алфа  и Омега на универзумот.

Нека не се вознемируваат вашите срца:Да не се плаши срцето ваше;верувајте во Бога и во Мене верувајте(Јован 14:1) . Зборови покрај кои поминуваме рамнодушно. Како да си мало дете и да плачеш, се плашиш, но татко ти ќе ти каже: „Тука сум за тебе, не грижи се мое дете, верувај во Бога и во мене и се ќе биде добро“.

 Ние веруваме во нашите себични помисли, во нашите внатрешни теории и во некои теолошки фантазии и излегуваме како спасители на Црквата и верата. Но, зошто сето ова се случува? Затоа што Божественото искуство, Христовото искуство во нашите животи отсуствува и во нас за жал владеат себичноста и неговите темни деривати.

 Немаме од што да се плашиме...

 Не дозволувајте никој и ништо да ве плаши. И ако има уште безброј непријатели, демони и безбожни луѓе, нашиот бранител е посилен - Свети Јован Златоуст .

Единствениот од кој треба да се плашиме сме самите ние, а тоа е затоа што не се познаваме. Тоа е големата непозната со која бориме да ја научиме и постојано не изненадува понекогаш непријатно, понекогаш пријатно.

 Бараме надворешни непријатели додека единствениот и најмоќниот непријател со кој се соочуваме  го гледаме секое утро во огледалото...

Колку е тешко  „нека се одрече од себе , и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене“ (Марко 8:34) .

 Да ги затвориме овие мисли драги мои со најубавата духовна фраза од животот „Благословено нека е “! Каква убавина ! Само кога ќе го кажеш, во тоа време се слуша треперење! Твоето битие се издигнува, сè се смирува, ветровите се смируваат и секоја пуста точка во твоето срце цвета. Секој пат кога оваа фраза ќе излезе од вашето срце, „реки од жива вода“ го преплавуваат вашето битие. Зошто се случува ова? Затоа што оваа послушност е поставена пред нозете на Господ. Во тоа време твојата себичност паѓа од престолот и му велиш на Христа „Благословен си Господи, Тебе ти припаѓа престолот на моето срце, покажи ми го патот на спасението“.

Никој да не изгуби послушание на Христа и на Црквата. Во прегратките Господови наоѓаме спасение, додека надвор од Христа волците чекаат да не проголтаат.

 „Целиот наш живот му се предаваме на Христа Бога“


 отец Спиридон Скутис

Comments