За празнословието

 За празнословието





„И словото нивно ќе се пренесеува како жива рана“ ( 2. Тим. 2:17 ).


Со овие зборови апостол Павле сакал да укаже на постепениот и неизбежен развој на злото, кое доаѓа од празнословието. „Оние што ќе му се предадат“, вели тој, „уште повеќе ќе напредуваат во злото“.

Секое морално зло е деструктивно. Кога сме обземени од каква било страст, таа станува, како да е, додаток на нашето битие и повеќе не сме во состојба да го запреме нејзиниот развој. Премногу лесно се навикнуваме на злото, без разлика дали тоа незабележано се вовлекува во нашите животи или не обзема одеднаш, како неконтролиран елемент. Оваа навика не исцрпува како рак и постепено ја уништува целата наша сила. Ниту еден човечки напор, ниту еден земски начин не може да го спречи ова брзо растечко зло.

Не можеме неказнето да му робуваме на гревот. Ние го пренесуваме ова ропство на оние околу нас и ги заразуваме со нашата болест. Поради нас страдаат другите, а злото станува не само наследно, туку и заразно.

Тоа најбрзо се пренесува со зборови, како што вели апостол Павле. Ова невидливо, тивко, неизбежно зло произведено со зборови може да се спореди со корозивен рак. Навиката да се препуштаме на празнословието ни го затапува слухот и разбирањето и веќе не се ужаснуваме од грдотијата на гревот, кој се вовлекува во нашата душа како незабележлив отров.

Кој знае, можеби еден ден, во часот на смртта, пред судот на Христос, душата што загинала од оваа зла зараза ќе нè посочи како виновници за нејзината смрт. И за тоа ќе треба да одговараме пред Бога.

„Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои! ( Пс. 140:3 ).


Од дневникот на еден правсловен свештеник

Comments