„Ако немаш старец да купиш“
„Ако немаш старец да купиш“
„Ми се чинеше чудно кога првпат слушнав од устата на Отец Симон „Ако немаш старец да купиш“.
– Зошто го велиш тоа, Оче Симоне? Дали старецот е толку корисен? Зарем не гледаш дека по толку години те праќаат во старечки дом? го прашав.
– Ах! Зарем не знаеш? Имаше еднаш еден господар и ги повика своите советници, млади и стари, и им рече: „Сакам да ми кажете во колку часот изгрева сонцето наутро“. Сите се собраа и гледаа кон исток.
Но, еден старец гледаше на Запад. Другите го исмеваа. Во еден момент старецот кој гледаше кон Запад вели: „Сонцето изгреа“.
Другите не го видоа сонцето, но тој ја виде светлината што се гледа на Запад, додека изгрева и пред да се види сонцето. Дали разбравте? Старецот знаеше повеќе поради неговото искуство. Така треба да и помладите да не слушаат нас постарите.
Овој ред секако постои во Црквата и во нашата традиција. Често за време на читањето на Евангелието слушаме „Господ рече...“, во Стариот завет читаме „Старецот рече...“, во секојдневниот живот повторуваме „Старите рекоа...“ а занаетчиите често велат „Мајсторот рече...“.
Знаењето е затоа и пренос на искуство од генерација на генерација преку усна или писмена традиција...
Кога дојдовме на Света Гора, најдовме не само старци, туку и старци во умот, создадени од живот. Сите имаа што да ни кажат, нешто практично да не научат, нешто да не инспирираат.
Тие за нас беа традиција на живеење, практикување, а ние за нив бевме нивни деца и внуци. Затоа како си заминуваа еден по еден, ни недостигаа. Се тешевме, бидејќи знаевме дека секогаш има некој позади нас.
„Симонопетриски отци ги најдовме и ги сакавме“,
во издание на Светиот манастир Симонопетра.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар