Од чудата на Пресвета Богородица
Од чудата на Пресвета Богородица
Еден благочестив и верен татко во едно село, ја ставил иконата на Богородица на влезот од својата куќа и ги советувал своите две момчиња, кога ќе излезат и кога ќе влезат дома , да се поклонат на иконата на Пресвета Богородица. !
И децата верно го следеа советот на својот татко!
Еден ден, и додека двајцата браќа се враќале од училиште, здогледале многу нивни соученици, кои се собрале на дрвен мост, да ги гледаат одозгора напливните води на поројот , кој минувал под мостот, па и тие се качиле горе на мостот.
Децата во еден миг почнаа да го движат мостот напред-назад, па така сакаа да се забавуваат на свој начин... Под ова нишање и тежината на децата, мостот не издржа, попушти и се урна. Сите деца се најдоа во водата. И за жал ги однесоа брзаците и сите се удавија, освен тие двајца браќа.
Овој настан донесе голема трагедија и жалост во селото... Двајцата браќа се спасени, благодарение на стеблото на дрвото, кое лежело на работ на реката и оттаму биле задржани. Во тоа време, многу мајки, кои останале без своите деца, ги прашале двајцата браќа што точно се случило и како се спасиле, додека останатите деца се удавиле.
Браќата тогаш тврдеа дека, кога паднале во брзата вода, се појавила Светла госпоѓа, чија форма била многу слична на иконата на Богородица, која ја имаат на влезот од нивната куќа, која, всушност, им помогнала да не да бидат однесени и да се држат за стебло! Оваа Светла госпоѓа, пред да исчезне, им рече:
„Останете овде, наскоро ќе дојдат вашите соселани и ќе ве извлечат од водата“!!!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар