Те сакам како солта...




 

Те сакам како солта...



Старецот многупати поучувал со параболи за неговото учење да се одвива на пријатен начин и со слатките случки подобро да се втисне во нивното сеќавање и да одекне во нивната душа.

Едно од нив е ова.....

 Еднаш еден татко кој имал три ќерки ја прашал секоја колку го сака. Кога стигнала до третата, добил одговор дека го сака како сол. Тој многу се налути и погрешно го разбра нејзиниот одговор. 

 По некое време, неговата трета ќерка се омажила и татко и ја посетил еден ден кај неа дома, за да види како е. Го пречекаа, му поставија трпеза и само нему му понудија несолена храна. Сите седнаа и јадеа, но тој престана по првата лажица.

 Што ти е, татко, што не јадеш? го прашала неговата ќерка. 

Знам... Каква храна е ова без сол? 

Тогаш неговата ќерка се насмевна и рече: 

Се сеќаваш ли, татко, кога ме праша колку те сакам, а јас ти одговорив „како сол“? Гледате ли колкава вредност има солта?


Свети Георгиј Карслидес


Comments