Постојат луѓе кои лошо зборуваат против Евангелието, а никогаш не го отворија.

  Постојат луѓе кои лошо зборуваат против Евангелието, а никогаш не го отворија.





 Постојат луѓе кои лошо зборуваат против Евангелието, а никогаш не го отворија. Тие го отфрлаат Христа, а никогаш не го проучуваа. Тешко на нив на Судниот ден!

Еден писател еден ден шеташе со својот пријател покрај Црквата. Видејќи дека полно луѓе влегуваат во Црквата на Литургија,пријателот на писателот му кажа:

- Нели е чудно пријателе мој, да има толку луѓе во нашиот век кои сеуште веруваат во овој таканаречен Христос? Зарем не би било подобро да земе некој и да напише некоја книга која докажува дека се во Евангелието е глупост?

Идејата му се допадна на писателот и тој ден започна да го проучува Евангелието како би пронашол аргументи против Евангелието.

Таа идеја и ја кажа на својата жена, која беше побожна Христијанка. Таа заплака поради таа работа која ја започна нејзиниот маж и му кажа:

- Зарем не тие доволно тоа што си неверник? Сега пробуваш своето неверие да го пренесеш на другите и да им го обесиш околу вратот...

Немој да ја пишуваш книгата!

Зборовите на жена му не допираа до него,но тој се посвети уште повеќе на изучување на Евангелието.

Времето проаѓаше...Изучувањето на Евангелието го наведе писателот - кој длабоко во себе имаше добра душа - парадоксално да го промени своето сфаќање.

Во него се запали пламен, се запали Боженствената вера. И една ноќ, очигледно веќе поразен од Милоста Христова,падна на колена, молејќи се за прв пат во животот,барајќи простување од Бога.

Потоа ја разбуди својата жена и  ја кажа благословената вест.

Таа му кажа:

- Од денот кога ми кажа дека ќе ја пишуваш оваа книга, еве ти признавам, започнав да се молам за тебе.

Потоа  дваица клекнаа, полни со неискажива радост, и го прославуваа Бога. Потоа писателот ја напиша книгата, но тоа беше химна за Исуса и мнозина ја читаа, градејќи безброј души во Христа и во вечноста.



Димитриос Панагопулос 




Comments