Срдечна молитва кон Бога...


 


Срдечна молитва кон Бога 



 Преку молитвата, човекот директно разговара со Бога. Преку молитвата човекот станува Божјо чедо! Со молитва се надминуваат пречките на овој живот, т.е таги, секакви таги, страдања, беди, лишувања, махинации, интриги, неволји и клевети. Со молитва се кршат стрелите на видливите и невидливите непријатели.

Преку молитвата го добиваме блаженото трпение на Богочовекот и Спасителот Христос и на Светите луѓе од Стариот и Новиот Завет. Преку молитвата добиваме поголема духовна сила!... Преку молитвата ја добиваме небесната утеха и рајот на душата! Преку молитвата ја стекнуваме Небесната Мудрост. Со молитва се празнуваат седумте тајни на нашата Црква. Со молитва го примаме вечниот леб, односно материјалните и духовните добра! Со молитвата црпиме повеќе храброст, трпение и надежи.

Преку молитвата Светите луѓе од Стариот и Новиот Завет правеле чуда, воскреснувале мртви, исцелувале болни и трпеле безброј мачења!... Преку молитвата стануваме како Светителите. Ангели, кои ноќе и дење го слават Бога! Чудата се случуваат со молитвата. Со молитва се лекуваат неизлечиви болести и се протеруваат демоните! Со молитва можеме да застанеме на нозе и да одиме по Божјиот пат. Преку молитвата ни се зацврстува верата во Бога!... Преку молитвата умот и срцето ни се чистат од секакво светско зло! Со молитвата нашиот ум и срце стануваат храм на Светиот Дух! Преку молитвата, Отецот, Синот и Светиот Дух влегуваат и пребиваат во нашите срца!

Со молитвата нашиот јазик станува труба на Светиот Дух, труби небесни глаголи. Преку молитвата ни се даваат невидливи упатства и совети од Светиот Дух!... Преку молитвата Ангелот чувар секогаш ни останува блиску и нè заштитува од секаква штета. Со молитвата се отвораат духовните врати на душата и го слушаат слаткиот небесен глас на нашиот Господ Исус, како што се отвораат и духовните очи на душата. Со молитвата избегнуваме да размислуваме или да правиме зло. Преку молитвата стануваме понизни и пољубезни. Со молитва ги победуваме махинациите на видливите и невидливите непријатели! Со молитва се тешиме и олеснуваме во различните животни таги!

За да имате корист од молитвата, мора:

 а) да ги заборавите сите световни грижи.

 б) Зборот што го изговара устата треба да го промисли нашиот ум, т.е. јазикот да не зборува друго, а нашиот ум да мисли нешто друго. Тогаш навистина нашата молитва оди до Небесниот Отец и ги примаме големите свети дарови на Светиот Духот и нашите гревови се простени..

Comments