Честопати Бог не одговара на нашите молитви.

 Честопати Бог не одговара на нашите молитви. 


Честопати Бог не одговара на нашите молитви. Молчи. Многумина Неговото молчење го сфаќаат како знак дека Бог „не постои“.

Но, ако размислиме во каква положба го доведуваме Бога со нашите страсти, тогаш ќе видиме дека Тој нема друг избор освен да молчи.

Го молиме Него да не поддржи во нашите неправди. Тој отворено не нè инкриминира. Тој нѐ остава да одиме по нашите зли патишта и да ги жнееме плодовите на нашите лични гревови.

Но, ако се обратиме кон Него со покајание, тогаш Тој доаѓа брзо, побрзо отколку што очекувавме. Знаејќи ги нашите потреби, тој многу често ги предвидува.

Штом ги изговараме во молитва нашите барања, оправдани со реалноста на нашиот живот во светот, Тој веќе ги исполнил.

Затоа, Божјата тишина е најелоквентниот, најљубезниот одговор на нашите неправди.

Го истеравме Божјото Слово од нашите животи. Ја запоставивме оваа причина, и ете! Ние ги жнееме последиците од нашата работа

Свети Софрониј Сахаров 

Comments