Само Христос знае!!!

 Само Христос знае!!! 




 Имавме одено во училиште, во кое имаше многу мали деца, од 6 - 7 години. Им дадовме бонбони и им поставивме прашање:

- Дали сте сите добри деца?

- Даааааа..!!! рекоа сите во еден глас.

- А кое е најдоброто дете?

- Јааааас..!!! рекоа сите едногласно кревајќи ја раката.

Тогаш гледам мало момче кое не крена рака и му велам:

- Ти, дете мое, зошто не крена рака?

Зарем не си најдоброто дете?

Тој не одговори...

И пак прашувам:

- Можеш ли да ми кажеш, дете мое, кое е најдоброто дете?

Потоа го крена погледот и ми рече:

- Само Христос знае!!!...

Бев шокиран од неговиот одговор!

Оваа внимателност што ја има ова дете, ја должи на педагогијата на неговите добри родители.

Родителите на ова дете биле едноставни луѓе, но според Бога биле мудри!...

Старец Ефрем од Скитот на Свети Андреј

Comments