Бедни по дух

 Бедни по дух






"Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно" (Матеј 5:3)


Колку се различни човечките и евангелските поими! Она што обично е презрено во светот има вредност во Божјите очи. Овие сиромашни по дух , на кои им е ветена толку голема награда, колку често се понижувани и презрени на земјата! „Бог се противи на горделивете, а на смирените им дава благодат” ( Јаков 4:6 ). Колку често во Светото Писмо наоѓаме пофалби за понизните, додека во животот тие ретко се ценат! Но, блажени се понизните, свесни за својата грешност, за својата немоќ, ја разбираат сета своја недостојност и се сметаат себеси пониски од сите други!


Затоа, тие се благодарни за сè, секој е подготвен да им попушти на другите. И на нив, не очекувајќи ништо, потпирајќи се само на Божјата милост, Господ им ветува Царство Небесно. Тие, со право сметајќи се за ништо, подобро ја прифаќаат силата на Божјата благодат, која му е ветена на смиреното и скрушено срце.


Така, на земјата тие се веќе посреќни од другите, зашто Господ рекол: „Зашто царството Божјо е во вас внатре“ ( Лука 17:21 ), а зборовите на апостол Павле исто така нè потсетуваат дека „Царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух “ ( Рим. 14:17)


Од дневникот на еден православен свештеник

Comments