Тајната на покајанието е голема сила! Јас секаде и сите луѓе ги повикувам: покајте се и исповедајте се, да би сте го лишиле ѓаволот од правата и повеќе да не ги трпите демонските влијанија.

Никогаш немојте да ја запоставувате исповеста.

Таа му овозможува на човекот да се длабоко промени и да ја поништи ѓаволската власт над неговата душа.

Да би сте се здобиле со душевен мир, неопходно е со помош на исповеста да ги исчистиме внатрешните нечистотии.

Човекот се смирува кога своите гревови ги открие на својот духовник и пред нив ја соголи својата душа.

Тогаш се отвараат Небеските порти, и на него изобилно се излева Божјата благодат и тој ја здобива слободата.

Како тешко натоварениот човек не може да скокне ако предходно не го отфрли својот товар, исто така и ние, доколку сакаме духовно да напредуваме, должни сме со помошта на исповеста да го фрлиме својот товар на гревовите.

Бог дури и на демоните ако се покајат би им подарил спасение, без обзир на големата количина на зло кое го направија.

Поради тоа дури и оној кој ги направи  и најтешките гревови не треба да паѓа во очајание, туку да се покае.

Ние биваме осудени дури тогаш кога не сакаме да се покаеме и да ги исповедаме своите гревови, и кога доброволно остануваме валкани.

Срцето на непокајаниот човек постанува безчуствително а неговиот ум отупува, зошто тој не бара покајание и не се обидува да се ослободи од оние пеколни маки чиј почеток тој ги преживува уште овде, во земскиот живот, а кои го очекуваат во вечноста. 



Свети Пајсиј Светогорец

Comments