Кажуваа како лицето на Авва Сисој, додека беше на смрт и додека старците седеа покрај него, светеше како сонце, а тој им кажуваше:

- Видете,дојде Авва Антониј.

А нешто покасно:

- Видете, пророците дојдоа.

И пак неговото лице засвети па кажа:

-Видите Апостолите стигнаа.

И пак неговото лице засветли, а тој како со некој да зборуваше.Старците го прашаа:

- Со кого зборуваш,Отец?

А тој им кажа:

- Еве, дојдоа Ангелите да ме земаат па ги молам да ме остават уште малку да се покајам.

А старците му кажаа:

- Нема потреба да се каеш,Отец.

А тој им кажа:

- Незнам,навистина,дали воопшто и го направив првиот чекор.

Тогаш сите сфатија дека е совршен. И пак неговото лице засветли како сонце и сите се уплашија. А тој им кажа:

- Гледајте, Господ дојде и кажа:

Донесете ми го садот пустински.

И веднаш го предаде својот дух.

И светна нешто како молња и куќата се исполни со миомирис




Старечник

Comments