Најубавиот мирис има молитвата онаа што мириса на солзи за целиот свет,

Најубавиот вкус има молитвата  кога се плаче во срцето за целиот човечки род.

Кога душата ке заплаче на молитва, кога солзите потечат од очите и срцето, таа молитва е единствено исправна, и таа се обично јавува над сопствениот пад, друга молитва да се именува нема право.

Но онаа молитва која не е за себе,

туку онаа од болката за целиот свет,

таа молитва, плач и солзи, тоа е нешто посебно.

Тој вкус и мирис,

што единствено душата го знае,

тој мирис и вкус е како опоен тропски цвет,

тој вкус и мирис како најсладок мед,

тој мирис и вкус да го напишам, да го нацртам би сакал,

но Бог тие зборови на јазикот човечки не би ги дал.

Да, о, Господе, не сум осетил,

Да, о, Господе, не сум вкусил,

не би мили мој толку тагувал,

но мојата тага е како широка река пред себе која својота обала, својата притока, океанот свој,

а таа обала, притока, океан тоа си Ти сам од својот Отец од вечниот, збор.

Допушти ми да се впијам во тебе до последната своја капка,

о безконечни, безконечни мој.


монах Арсениј Јовановиќ

Comments