Го посетивме еднаш Авва Пимен во Сирија и сакавме да го прашаме за стврднатото срце, но старецот незнаеше Грчки а преведувачот не беше таму.

Меѓутоа кога не здогледа старецот се сожали и започна да зборува на Грчки, кажувајќи:

- Природата на водата е мека, а тврда е кога се се наоѓа во кофата над каменот, и капка по капка, го буши каменот.

Така е и зборот Божји мек, а нашето срце е тврдо; па кога човекот многупати го слуша зборот Божји го отвара неговото срце за стравот Божји.



Авва Јован - Старечник

Comments