Додека денеска се молев, се најдов во посебна, убава ситуација. Се чувствував како да летам полека во правецот од кој воопшто несакав да се вратам.

Со умот размислував за бесконечноста и одеднаш ме преплави бела светлина, како облак кој непрестрајно раснеше.

Но одеднаш и потполно неочекувано исчезна на ист начин на кој се појави.

Среќен сум кога се молам. Господе мој Исусе, како сум среќен! Неможам да ги искажам своите чувства кога срцето ми се затоплува и  како работи со тоа слатко темпо.

Ја чувствував енергијата на молитвата како тивка музика во своето срце. Тогаш неименуваната среќа, убавина,блаженост необична во нас се прошири право во моето срце, а потоа го врами целото мое постоење.

Ме преплави тивок, пријатен шок, пропратен со осветлување на телото испратено со свеста од некоја сила.

Така сум лесен да мислам дека повеќе не чекорам по земјата и како да сакам да се искачам да би летел повисоко...но чувството брзо се изгуби.

Светата молитва,знам дека само преку тебе можам да пристапам Спасителу на нашите души. Господе Исусе Христе и Боже мој, како да Ти заблагодарам на оваа Божествена радост?

Се молам за сите мои доброчинители, за болните, сиромашните, за сите оние кои се во неволи и таги, богато да им го испратиш Твојот дар, да Те познаат, како сите таги би се претвориле во радост.

Обедини не нас, Господе, нас децата Твои верни со Тебе, така да нашите мисли, нашите сетила, нашите дела постанат едно те исто,света молитва, и овдека и во вечниот живот.

Насочи го Господи својот поглед над сите луѓе и направи не достојни на Твојата света љубов, како би можеле да ги пееме Твоите химни во Твоето Царство.

Дај ми Господе, дар на понизноста, така да се чувствувам како најневреден од сите луѓе во последната фаза.

Се молам и одеднаш сфаќам дека зборовите немаат вредност, душата е полна со Светиот Духот кој ја прободува како меч оставајќи необичен звук,само на неколку минути, но неможам да го продолжам.

Мојата душа е среќна, моето тело е силно и подстрекнато да се уште повеќе борам за неговото спасение...Мојата желба е да се непрестрајно молам исполнувајќи ја Неговата воља.

Понекогаш се плашам да не заскитам, мислејќи дека сум блиску до вистината.Во своето незнаење кој да знае преку која ивица на бездната лебдам!

Но прибегнувам кон Твојата голема милост Господи, со надеж дека никогаш нема се свртиш од оној кој сака да тежнее само кон онаа што на Тебе ти е угодно...

Духовен дневник на верната и скромна душа во нашите денови, со прекрасни искуства од умната молитва Исусова.



Comments