Темјанот има благослов, има благодат, има моќ против демоните,темјан,темјан,темјан така го викате.

За време на молитвите темјан, наутро и навечер и напладне темјан, кога во куќата владее напнатост темјан. Тогаш во куќата се менува атмосферата, таа постанува мирисна,сериозна,спокојна,мила и душите пак се соединуваат.

Се сеќавам на едно дете околу 14 години имаше, кога гледаше дека неговите родители војуваат помеѓусебе веднаш одеше и палеше темјан и ги кадеше своите родители. Темјан,темјан тато и мамо!

- Мир на вас им кажа.Јас сум дете,кое вашиот пример ќе го земам.

Мир на вас родители. Затоа, со присуството на Бога, на нашата Пресвета Богородица и нежниот трепет на Ангелот кога се пали темјанот во куќата, очигледно е дека лошите демони бегаат од куќата.

На искушенијата и демоните не им е место во оваа куќа. Па, немојте да заборавите да кадите во својот дом, во својот дуќан или работа ако е можно, а јас ќе затворам со Темјан, темјан, темјан.

Темјан кога се пејат тропарите,темјан кога се молиме, темјан кога правиме Крстен знак 

Темјанот куќата ја претвара во куќна црква.

И повторувам темјанот ги истерува демоните и искушенијата.

Душите на сите се исполнети со Божји благослов.



Comments