Возљуби ја молитвата, постот и бдението,

биди усрден во трудот и пребивај во безмолвие,

усовршувај се во смирението,

трпението, истрајноста,

расудувањето и вниманието.

Почитувај го самоодрекувањето, благородието,

доброчинството, духот на правдата, цeломудрието

и чистотата срдечна.

Биди скромен, целомудрен, послушен, милостив,

повлечен и незлобив.

Не си простувај сам на себе, не заборавај си ја работата.

Засакај го трудот, протерај го стравот, отфрли го гневот,

Стекни го спокојството на духот.

Криј се од страсните желби.

Не се грижи за ништо излишно,

зашто само за едно треба да се грижиш,

за духовното возрастување.

Подвизувај се и устреми се кон совршенството,

За да би принел плод достоен на покајанието.

Имај си го во срцето споменот на

Името на Небесниот Жених,

та не престанувај Нему да Му служиш.

Возљуби го животот во дворите Господови,

и со сето срце прослави го Создателот и Бог твој.


Свети Нектариј Егински


Comments