Пред својата ќелија,која беше високо на карпата,седеше еден стар монах и можеше да види преку низината,како надојде реката.

Тој ден падна многу дожд,падна многу вода,и со оглед на тоа беше прекинат единствениот пат преку реката мостот беше под вода.

Во еден момент виде еден човек кој имаше потреба да помине. Тој го виде како клекна и започна да му се моли на Бога да  му помогне да ја помине реката.

Во ист момент и старецот ги подигна рацете спрема небото и му се помоли на Бога за него.

После едно време човекот стана,се прекрсти и влезе во реката,но реката го однесе и тој се удави!

Старецот беше шокиран!Долго време неможеше да се поврати...

Зошто нашите молитви Бог не ги слушна?

Се прашуваше.

По некое време друг човек се приближи до реката,се прекрсти и влезе во реката и лесно ја прегази!

Старецот пак беше шокиран!

Каде е Божјата правда?Се праша.

Клекна и ги подигна рацете:

- Не станувам одовде,Господи,ако не ми кажеш како мислеше и зошто така се однесуваше!

Бог е добар и ги сака луѓето и затоа му испрати еден Ангел кај старецот за да го просвети.

-Што работиш овдека старецу? Зошто се молиш?

Еве нешто видов и бев шокиран, и старецот му ја раскажа случката која ја виде покрај реката.

Тогаш Ангелот му одговори:

- Оној кој ја прегази реката тој човек се моли по цел ден и ќе продолжи да се моли.А оној кој се удави, се молеше само сега кога му беше потребно.

Тој ниту се молеше, ниту ќе продолжеше да се моли во иднина.

Бог не служи за потсмев.Кој му се моли на Бога само кога има потреба,Бог не го слуша.Тој ги слуша само оние кои му се молат секојдневно и се покајат.


 Димитриос Панагопулос

Comments