Блажениот ава Павле Прости,ученик на Свети Антониј, им го раскажа на отците следново:


Отиде тој во една прилика во посета на еден манастир поради духовната корист на браќата, па после вообичајниот разговор помеѓу нив, влезе во Светата Црква да присуствува на Божествената Литургија.


И го гледаше Блажениот Павле секој кој влегува во Црквата, со каква душа влегува на Литургијата,зошто го имаше тој дар кој му го подари Господ да може да ја види на секого душата, како што ние ги гледаме лицата еден на друг.


И додека сите влегуваа со светол лик и осветлено лице, и Ангелот на секој од нив се радуваше за него, здогледа еден црн и темен по целото тело, и здогледа исто така демони од двете страни како го држат и го влечат кон себе, ставајќи му узда во носот, и неговиот Свет Ангел кој оддалеку гледаше разочарано и тажно.


А Павле,целиот во солзи и ударајќи се со рацете во гради, седеше пред Црквата, плачејќи силно поради онаа што го виде.

А останатите, гледајќи го неговото чудно однесување и нагла промена која го доведе до жалост и солзи, застанаа да го прашуваат молејќи да им каже зошто плаче, мислејќи дека тоа го прави осудувајќи ги сите, и станаа да го молат да влезе со нив на Литургија.


А Павле, избегнувајќи ги останатите, остана да седи надвор, оплакувајќи го оној кој беше онака прикажан.

А нешто покасно, кога Литургијата се заврши и додека сите излегуваа,Павле пак почна да го загледува секого, сакајќи да види какви излегуваат, и го виде оној човек чие целото тело му беше црно и потемнето, како сега е со светло тело и како демоните го пратат оддалеку а Светиот Ангел се наоѓаше покрај него и силно се радуваше поради тоа.


А Павле,скокајќи од радост, почна да вика и да му благодари на Бога:

- О,неискажливо човекољубие и Божја благост!

Па брзајќи се поткачи на повисоко и кажа со силен глас:

- Дојдете да видите како се страшни и чудесни делата Божји.

Дојдете да го видите Оној кој сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до спознавање на вистината.

Дојдете да Му се поклониме и да припаднеме пред нозете Негови, и да кажеме: Ти си единствен кој можеш да ги земеш гревовите.


И сите ревносно притрчаа, сакајќи да слушнат што зборува.

И кога се сите собраа,Павле им раскажа што виде пред влезот во Црквата а што после тоа, па побара од оној човек да каже што е причината поради која Бог направи таква промена 


А човекот на кого покажа Павле, без двоумење раскажа што му се случи:

- Јас сум грешен човек, и живеав во блуд полно време се до денес, а сега влегувајќи во Црквата Божја, слушнав како се читаат зборовите на пророкот Исаија, или како да Бог зборува преку нив:

- Измијте се,очистете се, отстранете ја злобата на своите дела пред очите Мои, престанете да правете зло.

Ако зборовите ваши станат како скерлет,ќе постанат бели како снег. Ако сакате да слушате, добра овоземски ќе јадете.


А јас блудник,погоден од зборовите на Пророкот и воздивнувајќи во своите мисли, му кажав на Бога:

- Ти кој си Бог,кој дојде на овој свет да ги спасиш грешниците, онаа што сега го вети преку својот пророк, исполни го и на мене грешниот и недостојниот.

Зошто еве, од овој час Ти давам збор, и Ти ветувам и од срцето Ти се исповедуван, дека повеќе нема да правам зло, туку ќе го отфрлам секое безаконие и од сега ќе Ти служам со чиста совест.


Денеска,Владико, и од овој час, примиме мене кои сум се покајал и кој се поклонувам пред Тебе и јас ќе се држам подалеку од секој грев. И со тоа ветување,кажа тој, излегов од Црквата, одлучувајќи во себе да не правам никакви  престапи спрема Бога.


Кога го слушнаа сите тоа сите до еден повикаа во глас кон Бога: Како се величенствени Твоите дела Господе, се си Премудро створил.


Знаејќи, о Христијани, од Светото Писмо и од Откровението, колку доброта има Бог за оние кои искрено Му прибегнуваат и со покајание го исправуваат онаа што предходно го погрешија, и пак им возвратува со добра кои им ги вети не осудувајќи ги за предходните гревови, немојте да очајувате за своето спасение.

Зошто,како што е ветено преку пророкот Исаија дека нечистите ќе ги очисти од грев, дека ќе ги избели како снег и ќе ги направи достојни за богатството на Небескиот Ерусалим,така нас, преку пророк Езекија со заклетва не известува дека нема да не погуби,зошто така би бил жив кажува Господ, не ми е мило да умре безбожник, туку да се врати безбожникот кон својот пат и да биде жив.








Старечник

Comments