Вистина е Христе мој, дека никогаш не Те разбраа насилниците и неправедниците, способните и успешните, оние кои се безпрекорни во своите надворешни манири и оние кои се совршени.


Те разбраа исклучиво оние скрушени и понизни, изморени од животот, очајниците и страдалниците, грешниците, блудниците и митниците низ целата човечка историја, сите оние кои себе никогаш не се сматраа достојни за Твоето Небеско Царство.


Исклучиво такви Те препознаа, те признаа и прифатија, зошто предходно ги прифатија своите неуспеси и слабости, таа непребојна темнина на својата сопствена студена ноќ.


Со векови,Христе мој,Ти истрајуваш во тоа да ги сакаш оние кои, иако во пекол, мирисат на рај. Ги засака, Христе, оние кои никој никогаш не ги сакаше...


отец Хараламбос Пападопулос


Comments