Анестис Карасоглоу ни раскажа кога Турците ги масакрираа Ерменците, дојдоа и до Фарас во Кападокија, селото на Свети Арсениј Кападокиски и Свети Пајсиј Светогорец, околу 300 Турски војници се спремаа за масакар.

Свети Арсениј Кападокиски ги собра жените и децата и отиде во Црквата на Пресвета Богородица и се молеше, а дивите Турци неможеа да влезат во селото, бидејќи Свети Јован Златоуст не им дозволуваше.

Светителот се појави на мостот кој мораа да го поминат и ги испружи раце и ги стопира.

Над мостот се наоѓаше Црква посветена на Светителот.

Турците се уплашија и заминаа, кога видоа како ги прогонува Светителот, не дозволувајќи да го поминат мостот.

Водачот на Турците, кога го виде Светителот како ги блокира, кажа:

Да си одиме побрзо, зошто Светиот Јован Златоуст не ни дозволува да влеземе во селото.



Од книгата на Свети Пајсиј Светогорец

,,Свети Арсениј Кападокиски"

Comments