Ако на патот го немате Светото Писмо и Псалтирот со себе, никогаш нема да стигнете на целта. Преку нив Бог ве повикува кај него.

Ви покажува со раката каде да одите. Ти кажува: дојди, дете мое, до висините. Се чувствуваш како оној свет човек, кој често го напушташе своето друштво со изговорот: некој ме чека во мојата соба. 

Не знаеја кој е тој.Мислеја дека е некој човек, додека тој одеше и ги отвараше книгите. Во книгите го чекаше самиот Бог.



Старец Емилијан Симонопетритски

Comments