За да може човек да ја прими и да ја види во своето срце Христовата светлина, неопходно е, колко што е можно, од себе да ги оддалечи видливите предмети. Очистувајќи ја претходно душата со покајание и со добри дела и со вера во Распнатиот, затворајќи ги телесните очи, потребно е да се вдлабочи умот внатре во срцето, повикувајќи непрестајно и призивајќи го името на нашиот Господ Исус Христос. Тогаш според мерата на усрдноста и топлината на духот спрема Љубениот ќе најде сладост во повикуваното Име, кое побудува желба за барање на уште поголемо просветлување. Во умот кој на таков начин постојано пребива во срцето проблеснува светлината Христова, осветлувајќи ја внатрешноста на душата со својот Божествен сјај, како што говори пророкот Малахиј: `А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата` (Мал. 4,2). Оваа светлина воедно е и живот според евангелските зборови: `Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето`(Јн 1,4). Умот на човекот кој одвнатре ја созерцува вечната светлина е чист и во себе нема никакви сетилни представи. Тој целиот бидејќи задлабочен во созерцувањето на несоздадената благодат, заборава на се сетилно, така што не сака да гледа ниту на самиот себе. Тој сака да се скрие во срцето на земјата, само да не се лиши од вистинското добро – Бога.



 Свети Серафим Саровски

Comments