Мојата ќерка Мариам имаше здравствени проблеми од раѓање. Таа беше повлечена, не можеше да зборува.

Единствено што можеше да каже е ,,И". Со овој звук ни кажуваше што сака и што ја лути. Ги посетивме сите доктори во градот, но немаше резултати.

Еден убав ден ми дојде идеја да ја одведам ќерками на гробот на старецот Гаврил Грузијски.

 Целото семејство заминавме до Самтавро и клекнавме на гробот на старецот Гаврил. Тогаш старецот не беше се уште прогласен за Светител.

Помазани со маслото од фенерот кој гори на гробот се спремавме да си заминеме дома. Ја држав ќерками за рака.

Одеднаш ми се отргна од раката, како да сакаше да се искраде и потрча накај гробот на старец Гаврил.Му се поклони на гробот и , на изненадување на сите, од гробот зема една мала кајсија. 

Иаку сите видовме дека на гробот немаше ништо.Стана, ми пријде и ми ја покажа кајсијата, пробувајќи нешто да ми каже нешто како знаеше,,оо-оо-оо".Кајсијата ја покажавме на монахињите кои беа покрај гробот, им ја раскажавме нашата болка и ги прашавме што да правиме.

Најстарата монахиња ни кажа дека старецот Гаврил ја испратил таа кајсија за Мариам и би било подобро да ја пуштиме да ја изјаде.Ние така направивме како ни кажа.

Мариам со голем апетит ја изеде кајсијата, а потоа отидовме повторно на гробот, се помоливме и после некое време,влеговме во колата и си заминавме.

Десет минути покасно, кога бевме во центарот на градот,од задното седиште го слушнав гласот на мојата ќерка: Тато, купи ми леб!"

Тогаш немаше посреќен човек од мене и посреќни од моето семејство, зошто мојата сакана ќерка првпат во животот прозбори!

Го паркирав автомобилот и сите се вкочивме од чудото кое се случи пред нашите очи.

СЛАВА ТЕБЕ, ГОСПОДЕ!

СЛАВА ТЕБЕ,ОЧЕ ГАВРИЛЕ!



Протоереј Давид Григалашвили

Comments