Имав една пријателка по името Софија. Беше учителка.Нејзините родители беа духовни луѓе.

И самата имаше полно дарови, но не веруваше во Света Троица. Учителката не веруваше дека Светата Троица е клучна!

И кажав: Што ќе им кажете на децата?.

Бев вознемирена и направив полно бројаници, Бог нека ја просветли.

Една вечер во четири часот наутро слушнав тропање на вратата.

Кој е, прашав.

-Јас Софија, отвори ми.

Дојде плачејќи и ми кажа:

Морам да ти кажам нешто за Света Троица. Ми се појавија три Ангели и ми кажаа: Види,прегледај не од глава до петиците, дали се разликуваме еден од друг.

Ги почуствував нивните очи, нивните раце, ги почуствував сите и сите беа исти.Дали има разлика помеѓу нас? ме прашаа.

Не, не постои им одговорив.

Дали сте сега уверени во суштината?

Од сега верувајте.

Софија започна да плаче и да зборува:

Помоли се за мене.

Твојата мајка, која е света жена, моли се за тебе и кажав.

После тоа таа постана верник.

Сега тоа ќе го проповедам во школата ми кажа.

Видите,што Бог прави!

Што е вера, а што е милоста Божја!

Што и да каже некој, не може да се препише големината на Бога.

Бог и го откри директно несфатливото во нејзиниот ум.



Старица Макрина

Comments