Бидејќи времето поминува, а вие не сте расположени за промена,Бог дозволува да се појават некои проблеми.

Прво сами ги создавате. Бидејќи не чекорите со Христа, туку сте надвор од Христовото возило, сами на себе си создавате илјада или две лоши работи кои ве притискаат, ги формираат и формираат другите.

Но Бог тоа го дозволува, зошто во спротивно не разбирате и можеби, ако сте потресени, ако сте во опасност, да можеби конечно се разбудите.

Зошто човекот веднаш се разбудува кога ќе каже: Како се тоа работи? Боже, Господ постои, не можам тоа да го порекнувам. Црквата Негова постои, постојат Неговите таинства.

Како се тоа прави, дали е Бог слаб и неможе да ме обнови? Тоа не доаѓа во обзир!

И можно е, дека ќе се разбудите и ќе кажете:

Се ова се случува,зошто сум лажен верник, никогаш не сум помислил да се запрашам како треба да живеам како личност која е крстена. 

И ти започни!



Отец Симеон Крагиопулос

Comments