Целото Човештво е во голем хаос


Навистина целото човештво е во голем хаос. Чекори против правилата. Чекори по темнина и без компас.

Каде ќе заврши? Таму каде сите станаа грешници и престапници на Божјите заповеди, меѓу нив е и нашата генерација,зло и злоба Господ ни испраќа слични казни за нашето покајание.


Поплава од гревови


Страшна поплава од гревовите се заканува да ги поплави сите, мирјаните и свештенството,богатите и сиромашните, младите и старите, мажите и жените,старите и младите и новородените, зошто сите скршнавме од патот, Оние кои не се скршнале од заповедите Божји, безбожниците пробуваат на многу начини да заведат и да ги направат сопатници на погубителниот пат.


Стигна Божјиот гнев


Многумина од луѓето имаат очи и не гледаат, имаат уши а не слушаат. Имаме тешко време и зли денови.

Кој може да се спаси себеси, ќе се нарече голем, а ако може да ги спаси другите, ќе се нарече голем.

По молитвите и застапување на Пресветата Богородица, на сите Светители, мораме да бидеме спремни и да се покаеме, за да ја спасиме барем нашите души.




Старец Филотеос Зервакос

Comments