Ако некој Го љуби Бог, тогаш и Бог му ја соопштува Својата љубов. Кој еднаш ќе поверува, тогаш Бог му ја придодава небесната вера, и човекот станува двоедно битие. Како што ти од своите членови ќе Му принесеш, така и Он од Своите сопствени членови ќе ѝ даде на твојата душа, па сѐ што правиш, и кога љубиш и кога се молиш, да правиш чисто. Големо е достоинството на човекот. Погледни колку се силни небото и земјата, сонцето и месечината; но Господ не благоволил во нив да почива, туку само во човекот. Значи, човекот е поскапоцен од сите создадени твари – ќе се осмелам да кажам, не само од видливите

 туку и од невидливите, од духовите што Му служат. Он не рекол за архангелите Михаил и Гаврил: „да [ги] создадеме според Нашиот образ и подобие“ (1. Мој. 1, 26), туку за духовната суштина на човекот, односно за неговата бесмртна душа.



Свети Макариј Велики

Comments