Љубовта - од Бога е поклон,што со Божјата  благодат и се дава на чистата душа, ја посетува душата и се открива.

Божјата љубов во никој нема да засјаје без Божјото откровение.

Без дарот на откровението во душата не струи благодата и душата останува слепа за љубовта Божја. Кои го љубат Бога кон љубовта Божја брзаат Божјата благодат што им се открива на душата,дејствува во срцето сеочистено.

Благодата кон Бога ги привлекува.

Зошто оној кој го засака Бога

Бог прв го бакна, дури потоа он го засака Бога.

Кој го засака Бога син на љубовта стана,

а во Отецот Небески потоа се заљуби.

И срцето Богољубно не спие никогаш,туку стражари поради својата огнената љубов...

И кога спие човекот по природата своја, срцето негово стражари, благодарност  му принесува на Бога.

Со љубов Божја рането срце тогаш небара ништо освен Горното богатство.

Од се друго се откажува и не се грижи за ништо друго.

Со љубовта Божја сеопфатена, душа се насладува со зборовите Божји, во шаторот Бога го благословува.

И со устата своја воскликнува за Божјите чудеса, за славата Божја, за величеството Божјо да сведочи.

И душата тогаш на Бога му пее и Бога непрестрајно го фали.

И на Бога му служи.

И љубовта Божја тогаш во душата преовладува, и ја менува сосема, ја прави своја.

Возљубувајки го Бога, душата Божја го прима Бога и љубовта нејзина станува Божја со тоа богатство се разгорува.

О, благо и на таа душа што го возљуби Бога, зошто се сретна со Живиот Кој го исполни нејзиниот копнеж!

 И душата тогаш ги отсекува сите желби и чувства, секој порив кој и е туѓ на љубовта Божја, како презир достоен и на неа недостоен.

О, како силно се вознесува душата кон Небото што со љубов Божја го љуби Бога, ненаситна за љубовта Божја!

Како лесен облак таа љубов ја прифаќа душата и кон превечниот извор свој,

и кон Љубовта непресушна ја носи,

Со незгасливо сјајење ја продира!

Ранета со љубов Божја,душата се радува непрестрајно.

Ликува таа, од радост возвикува, пред Бога танцува, зошто се наоѓа  во мирот на љубовта Божја

како во водите мирни.

И никакво богатство мирот нејзин не го пореметува, и никаква тага неможе да ја отргне од радоста нејзина.

Богољубната душа љубовта кон Небото ја вознесува: и таа дише слободно од чувствата плотски, од сопствената плот.

Потполно се предава на Бога, душа дури себеси се заборава.

Божјата љубов и дава слобода за близина со Бога;

слободата и дава храброст,

а храброста - Причестување со Бога

а причеста - глад.

Со љубовта Божја сеопфатена,

ниту за било што друго не мисли,

ниту друго и да сака душата Богољубна неможе! 

Таа непрестрајно воздивнува, таа повикува:

-Господе, кога ке дојдам кај Тебе и Твоето лице да го видам?

Душата моја брза кон Тебе Боже, како што елен трча кон изворите планински!.

Таква е љубовта Божја што душата со срце ја заловува.

О љубов, вистинска и непрестрајна!

О љубов, тивко насладување на душата!

О љубов, полнота Божја на моето срце!

О љубов, безпрестрајно созерцување на мојот дух!

Ти со мојата душа завладуваш,

Ти грижливо ја затоплуваш и закрилуваш!

Ти ја оживуваш и кон Љубовта Божја ја возвишуваш!

Ти го исполнуваш срцето мое

И Љубовта Божја ја разгоруваш!

И стремежот мој кон Севишниот  ти го оживуваш!

И со силата животоносна своја силата на душата моја ја укрепуваш!

Ти мојата душа ја правиш способна на љубовта Божја достојно да и принесува служење!

Ти мојот дух го обземаш и од патиштата земски го избавуваш!

Мојот дух го ослободуваш

Слободен да би одел кон љубовта Божја кон Небото!

Ти си бесценета ризница на верните,

Ти си дар сеприсутен на тајните воздишки Божји!

Ти- Богослично сјајење на моето срце и душа!

О, ти која верните во деца Божји ги преобразуваш!

Ти си украс на верните, Ти ги почитуваш верните свои!

Ти- единствена вистински постојана, зошто си вечна!

Ти - раскошна одеждо на Богољубивите, во која стојат оние пред љубовта Божја!

Ти - благост најубава, плод на Светиот Дух!

Ти верните ги осветуваш, во Царството Небеско ги воведуваш!

Ти - миомирис кој со себе верните ги уловуваш!

Со Тебе верните со рајското блаженство приопштуваат!

И светлина на духовното сонце со тебе во душата сјаје!

И духовните очи на верните им ги отвараш!

И со Тебе верните во славата Божја и во вечниот живот учествуваат!

Ти раѓаш во нас жед за Небото! 


Зошто ти си таа која Царството Божјо го воспоставуваш!

Зошто ти си таа која мирот помеѓу луѓето го шириш!

Зошто ти си таа која земјата ја правиш Неболика!

Зошто ти си таа кои луѓето ги соединуваш со Ангелите!

Зошто ти си таа која пеењето наше на Бога му го принесуваш!

Зошто ти си таа која во се победуваш!

Зошто ти си таа која во се превосходиш!

Зошто ти си таа која владееш со вселената!

Зошто ти си таа која премудро управуваш со светот!

Зошто ти си таа која се држиш и која се зачувуваш!


О, љубов, полнота на моето срце!

O, љубов икона на Исуса

 Најблагиот!

О, љубов, свештен печат на учениците Божји!

О, љубов знамение на Најблагиот Исус!

Копнежот кон тебе, ми го рани срцето мое!

Го исполни со богатства, добрина и ликување!

Го направи дом на Пресветиот Дух!

Го распали огинот Божји,и ги запали страстите мои,срцето да ми бидне свето, и да ти пее благодарност непрестрајна!

Со благост ми го исполни срцето мое, да го љубам единствено Исуса,

Најблагиот, Христа Господа мој  и да Му пејам бесконечна песна

oд сецелата душа своја,

од сецелото свое срце,

од силата на сите свои,

од сецелиот дух свој.

Амин!

Свети Нектариј Егински

Comments