Зборуваше мајка Синклитикија:


- Голема борба и труд имаат на почеток оние кои му пристапуваат на Бога, а потоа и неискажлива радост.

Оние кои сакат да запалат оган најпрво се надимуват и солзите ќе им потечат, па така го реализираа онаа што го сакаа,зошто е кажано: Бог е наш оган кој спалува, така и ние со солзи и труд треба да го распалуваме Боженствениот оган.


Уште и зборуваше:

- Многу ѓаволски стапици има.Не се душата подигна од глад. Тогаш тој понудува богатство како мамка. Не успеа со помош на навредите и лошите зборови?Упатува пофалба и слава.

Ако е победен со здравје,тој го разболува телото. А бидејќи не беше во состојба да го измами човекот со уживање, пробува да го одврати со неволни страдања.

И наметнува разни тешки болести, не би ли ја помрачил љубовта спрема Бога во оние кои поради нив постанаа малодушни.

Но и телото бива развлечено со снажни трески и трпи неподнослива жед.

Ако се тоа го поднесуваш зошто си грешен, сети се за идните страдања и вечниот оган и казната и немој да да бидеш невнимателен спрема иднината.


Радуј се што Бог тебе те погледна и имај ја на својата уста онаа позната изрека:,,Ме казни Господ, но на смрта не ме даде". Беше железо но со оганот се спаси од рѓата.


А ако си праведен па ти се допаѓаат болестите, напредуваш од големите работи кон уште поголеми. Дали си злато? Па низ оганот ќе станеш уште повреден.


Ви се даде сатански трн во твоето тело?

Се веселам, погледај на кој си постанал сличен, зошто си удостоен на делото на големиот Апостол Павле.Те мачи треската? Страдаш од студенило?

Но писмото кажува: Влеговме во оган и вода, но не изведе до починка.Успеа во првото?Причекај го и второто. Правејќи милост извикувајќи ги зборовите на Светителот: Јас сум ништожен и болен.

Ќе постанеш совршен со овие две неволи; зошто кажува: Со неволата си ме обдарил.

Подвизувајќи ги своите души на такви трудови,зошто го имаме непријателот пред своите очи.

 




Старечник

Comments