Богатиот земјопоседник кој произведуваше пченица и имаше своја пекара за леб, чекајќи го покачувањето на цените, често ја изговараше вообичаената молитва за потребите на сиромашните.

Во својата молитва кажуваше: Боже, сети се на сиромашните и гладните и исполни ги нивните потреби!

Самиот земјопоседник, меѓутоа, на никој не му помагаше, а само чекаше Бог да ја исполни неговата молба.

Еднаш кога земјопоседникот ја започна својата молитва ,,за сиромашните и гладните" неговиот син го праша: Дали можам да добијам еден леб од твоите рафтови?

Таткото беше изненаден со оваа молба и го праша: Дали тоа го сакаш за себе? Што ќе правиш со лебот?

Синот му одговори: Да ја исполнам твојата молитва!




Comments