Душата треба да знае едно - дека само во Бога е нејзиниот мир и област за пребарување. И затоа таа треба да биде потполно слободна не само од страстите, туку и од своите чувства, и од се минливо и треба да влезе во Бога.

Таквата слобода е младост на душата, непознавање на злото.

Во таквата слобода душата прифаќа се што е човечко, но на ништо не му е потчинета, го живее животот на целиот свет, од ништо не се гади, ништо не уништува, ништо не исклучува од општиот живот како злото, но самата со ништо не е врзана, во ништо не е заклучена, и таа е точно умрена за својот живот.

Таа излезе на слобода од самата себеси и се затвори вечно во Бога. И тоа што во неа живее, и што целата ја обзема е Христос, Кој постана полнота на нејзиното срце, и раководител на нејзиниот ум. До таквата состојба ја доведува ослободувањето од се човечко.



Схимонахиња Ардалиона

Comments