Што е добрина и што е зло и како работат?


Добрината е самиот Господ, и се онаа што потекнува од Него и се што го опкружува.

Добрината е пронајдена во човечката природа и пред падот.Добрината е истотака суштина на онаа што е правилно, што е рационално и се наоѓа во односот помеѓу нив. Тоа е потполно одсуство на нерационалнаста, злобата и изопаченоста.


Од друга страна, злото е первезија и одсуство од се што го опишавме во добрината. Што и да потекнува од злото, ги содржи елементите и деловите на смрта, исто " тело на телата", чиј татко е ѓаволот и неговите многубројни слуги.


Од една страна, добрината има постоење и суштина, зошто ентитетот и доаѓа од Бога.

Од друга страна, злото непостои како суштество ниту како ентитет, туку е створено како паразит од недостаток на љубовта, како што темнината се појавува во одсуство на светлината. Злото само по себе е " не-суштество" и непостои и затоа несмееме да дозволиме да ни се заканува и да не застрашува. Нашиот немар и предавство му даваат супстанција.

Потсетува на некој кој ја исклучува светлината и е покриен со темнината.


Зборот Божји, Само-Вистина, ја потврдува ова реалност: Кој не е со мене, против Мене е, и кој не собира со мене, тој растура (Матеј 12,30). Оваа е пак онаа што Тој ни го наметнува кога не убедува да остане со Него, како неисцрпна добрина.

Бидете во Мене, и Јас ке бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене.

Јас сум лозата, а вие прачките; и кој што е во Мене, и јас во него, тој ке даде многу плод; оти без Мене не можете да направите ништо (Јован 15, 4-5).



Старец Јосиф Ватопедски

Comments