...Во ноември 1965 година пристигна во Скитот еден млад теолог за да се замонаши.

Отец Пајсиј, кога го виде како носи вратоврска, му ја извади и ја врза за едно магаре.


А потоа на разни начини пробуваше да му помогне да го елиминира светскиот дух и склоноста кон надворешната проекција, како би можел да се замонаши.


Еднаш, на пример, го направи следново:

Бидејќи го виде дека се радува, кога слушна дека постои мисла дека довербата во монасите треба да им се довери на новите богослови, меѓу кои и самиот се стави, Отец Пајсиј зема еден лист и напиша едно писмо како официјална покана до монахот. Неговиот состав е следниот:

Бидејќи сте образован, сакаме да ви доделиме манастир.Дојдете да се договориме.

Го ставија писмото во плико, и од надвор напишаа: До господинот Таде,Богослов од Скитот Иверионски, а пликот му го дадоа на еден друг монах да му го даде.

Кога младиот човек го прими писмото, веднаш отрча до кај отец Пајсиј и со очигледно задоволство и му кажа:

Повикан сум да ми доделат манастир. Старецот му дозволи доволно да каже а на крај , насмевнувајќи му се, му кажа за својот педагошки трик и со љубов му кажа:

Дали гледаш уште колку работа имаме да завршиме? Гледаш ли како ѓаволот не измамува?

Тоа се шупливи работи.


После неколку месеци ,овој млад човек го напушти Скитот.

Пред него ли што замине, отиде да добие благослов од Отец Пајсиј а тој љубезно му кажа: Оди по Божјата воља.Но кога беше одалечен три четири метри Отец Пајсиј викна по него:

Врати се да ти кажам нешто.Отец Пајсиј му кажа: Гледај,каде и да бидеш во светот или пак намислиш да одиш во манастир гледај да станеш Божји човек. Оди сега.


Но, пред да измине уште десет метри, тој пак му викна:

Застани,ти заборавив да ти кажам нешто.Ќе ти кажам нешто,и на оваа да се сеќаваш и му го повтори тоа шро му кажа предходно.А кога беше одалечен едно педесет метри го повика и му ги повтори истите зборови.


Comments