Го посети еден монах Ава Силуан на Синајската гора, па кога виде како работат браќата, му кажа на старецот:


- Немојте да работите за храната која пропаѓа.Зошто Марија го избра подобриот дел.


Старецот му кажа на еден свој ученик:


Захариј, подај му на братот една книга и смести го во празна ќелија.


А кога беше околу деветиот час, тој стана и погледна на вратата, дали ќе дојде некој од браќата да го повика на трпеза.


А бидејќи никој не доаѓаше да го повика,тој стана и појде кај старецот и му кажа:

- Дали јадеа браќата,старче?


- Да му одговори старецот.


А тој:


- Зошто мене не ме повикавте?


Старецот му кажа:


- Зошто ти си духовен човек и немаш потреба за оваа храна. А ние, бидејќи сме телесни,сакаме да јадеме и поради тоа и работиме, а ти бидејќи читаше цел ден, го избра добриот дел и не сакаш да јадеш телесна храна.

А тој,кога го слушна тоа, направи метанија, и кажа:


-Опрости ми старче.


Старецот му кажа:


- Секако дека на Марија и е потребна Марта,зошто Марија низ Марта се прослави.




Старечник

Comments