Го праша авва Јован Евнух, кога беше помлад, старецот:– Како вие можевте со леснотија да го понесете делото Божјо, а ние ни со напор не можеме да го вршиме?А старецот му рече:– Ние можевме, зашто наше главно занимање беше делото Божјо, а на телесните потреби малку внимававме, а вам телесните потреби ви се главно занимање, а делото Божјо не го сметате за неопходно. Затоа се измачувате, и затоа Спасителот им рече на Своите ученици: Маловерни, барајте го најнапред Царството Божјо и се друго ќе ви се придаде.



Старечник

Comments