Дете мое, тој плод на мирот кој го барате ке го добиете ако пробате другите да ги гледате како Свети, како Ангели.


Кога кај другите ке ги видите грешките, посебно кај својот Старец, да знаете дека вашиот духовен живот е во пад, дека сте покорени и тоа бара тогаш многу покајание и сопствена жртва.


Кога ке погледам и судам на своите браќа, знам дека не одам по добар пат... Морам да верувам дека секој мој брат е добар и свет, а дека јас сум најлош.


Во кој било неспоразум јас треба да принесам покајание и да бидам во мир со другите и така ке бидне со мене Божјата милост. Никогаш нема да се причестам со Светите тајни ако имам нешто против својот брат или ако не зборувам со него.



Старец Ефрем Катунакиски

Comments