Најголемата трагедија на грешникот е тоа што несвесно е сојузник на самите негови непријатели!...
Најголемата трагедија на грешникот е тоа што несвесно е сојузник на самите негови непријатели!
О Господи Спасиме од калта, за да не потонам(Пс. 68,14).
Вака се молеше покајаниот крал Давид кој првично се предаде на глината, на почвата додека не виде дека нашето глинено месо не влече во бездната на уништување.
Глината е телото на човекот, со сите негови фантазии и сите зли луѓе кои се борат против праведниците, се демони со теророт што го шират;
Нека Господ нè спаси од сета оваа безумност, бидејќи само Тој може да го направи тоа. Треба да се стремиме пред сè да го видиме непријателот во нас - непријателот што привлекува други непријатели.
Најголемата трагедија на грешникот е што несвесно и без да сака е сојузник на самите негови непријатели!
Напротив, праведниот човек ја има силата на својата душа вкоренета во Бога и во Царството Божјо , и затоа не се плаши.Тој не се плаши од себе и затоа не се плаши од другите свои непријатели.
Тој не се плаши, бидејќи не е сојузник или соучесник на непријателите на неговата душа. Следствено, ниту луѓето ниту демоните не можат да му наштетат. Бог е негов сојузник, а Божјите ангели се негови заштитници. Што тогаш може човек да му направи? Што можат да му направат демоните? Што може да му направи глината?
Господи и Боже, Троичен, Ти Создателу наш кој во глинените тела ни вдиши живи души, спаси не според Твојата голема милост!
Свети Николај Велимировиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар