Јас и другиот...


 



Јас и другиот




Човекот, како што истакнаа многу науки, не може да се разбере без општеството. Човекот не постои како единица, туку како личност во однос на општеството, на другите личности и на целиот свет.

И покрај сето ова, иако луѓето деновиве ни се приближија, се чини дека се подалечни од кога било досега.

Додека сакате да комуницирате со ближните, модерниот начин на урбан живот во кој сите живееме не носи на сосема спротивни и најчесто негативни патеки.

Брзината на нашето време неизбежно нè води до отуѓување од нашиот ближен и на крајот од нас самите.

Односите што треба да ги имаме со нашите ближни ја наоѓаат својата полнота во односите на личностите на Света Троица.

Така, само љубовта доаѓа како поврзувачка алка за обединување на заедничката природа на сите луѓе.

Препознавајќи го во лицето на секој човек ликот Христов, на човекот му останува само едно: да служи пожртвувано, со празнење на своето его како примерот на Христос.

Со понизност која се добива според Отците на нашата Црква, преку Светата тајна на исповедта каде човекот се кае за своите гревови и добива прошка.

По средбата со соседот, сè е преплавено со Светлина. Впрочем, тоа е и карактеристика на Божјото Слово.

Светлина од светлина... прогласуваме во симболот на нашата вера. Осветли ми ја темнината, молам и молчам....



Comments