Тебе, Господи, во молитва Те бараме, зашто во Тебе е сокриено сé. Со Тебе да се збогатиме, зашто Ти си непроменливо богатство...


 



Тебе, Господи, во молитва Те бараме, зашто во Тебе е сокриено сé. Со Тебе да се збогатиме, зашто Ти си непроменливо богатство


Твоето милосрдие нека ни дојде на помош! Благодатта Твоја нека нé заштити! Од Твоите ризници излеј на нас лек, исцелувачки за нашите рани.

Тебе сме должни да Те бараме наместо сé друго, и освен Тебе ништо друго не бараме, зашто онојшто Тебе Те бара, тој во Тебе сé наоѓа.

Во Тебе е богатството на сиромашните, срдечната радост на ожалостените, лекот на сите ранети, утехата на сите тажни.

Прими ја нашата молитва, Господи наш, и дарувај ни се Самиот Себе на нас. Во Тебе да живееме, Тебе да Те стекнеме наместо сé друго, и тогаш сé ќе биде наше.

Дај ни, Господи, да бидеме Твои. По милосрдието Свое биди и Ти наш, зашто праведниот Отец Те даде Тебе на нас, за исцеление на нашите рани.

Ти си наш по волјата на Отецот Твој; наш си и по Твоето благоволение. Со нас си Ти – Емануил! Со нас си, како Господ наш.

Прими ги од нас молитвите наши, Ти, Кој си слегол кон нас, Боже наш; прими ги солзите на грешниците и укажи им милост на виновните.

По Својата волја си се соединил со нас, биди застапник на нашата молитва. Вознеси ја кон Твојот Отец и утврди го мирот во нашите души.


Свети Исак Сирин

Comments