Побезбедно е да се шегувате со оган отколку со Бог

 Побезбедно е да се шегуваш со оган отколку со Бог






Ти си живот, Боже, а животот е светлина. Ти си светлина, Боже мој, и не сакаш да останеш скриен во темнина и да не даваш светлина.

Блажен е човекот кој Те препозна во себе и кој Ти дозволува да му ја осветлиш душата и телото. Не е важно дали ќе го осветлиш цело тело или дел од тело.

Сакаш само да ја осветлиш земјата и да ја исполниш со Твојот живот и Твојата моќ.

Блажена е жената чија заблуда ѝ паднала од очите и го познала мажот како што се познава себеси, и ја отфрла желбата и е исполнета со сочувство и го мери животот во себе со страв и достоинство, како да го мери рајот во себе... 

Блажен е оној кој навреме ќе препознае дека прељубата го загадува и убива животот.

Со Бог нетреба да се шегувате, земни синови. Побезбедно е да се шегувате со оган отколку со Бог.

Ниту, пак, животот, кој доаѓа од Бога, не е опиум за моментално пијанство, по кое се открива заблудата, додека срамот и презирот паѓаат како тешка карпа врз срцето, испразнети од безумна желба...

Избави ја мојата душа од заблуда, Боже, за да може и моето тело да се избави од телесниот грев.


Свети Николај Велимировиќ

Comments