Радувај се на твојот Крст!...
Радувај се на твојот Крст!
Се сеќавам еднаш, кога отидов на Крит, во едно село, во Аногеја, дојдоа некои стари жени да се исповедаат и кога завршија, една старица ми кажа една молитва: Радувај се на својот Крст.
Потоа дојде друга старица: Радувај се на својот Крст.
И јас се изненадив и велам: Но каква е оваа молитва?
И ми велат: Така велиме овде. За родител, мајка или татко велиме:
Радувајте им се на своите деца, бидејќи радоста на родителите се нивните деца.
Кога некој е свештеник му велиме: Радувај се во свештенството.
А кога некој е монах или монахиња велиме: Радувај се на својот Крст.
Оваа молитва радувај се на својот Крст, мислам дека е нешто толку големо и толку длабоко, што ме потсетува на теологијата на Свети Максим Исповедник.
Архимандрит Василиј Гондикакис
Comments
Post a Comment
Напиши коментар