Секој грев има огромна тежина
Секој грев има огромна тежина...
Од големо значење е да не се прави грев многу пати. Едно е да го направиш тоа еднаш, а друго е да го направиш педесет пати. Како, едно е да си ја скршиш раката еднаш и да ја поправиш, а друго е да ја скршиш педесет пати и да ја поправиш.
На крајот раката ќе ви биде мелено месо.
Ова го велам затоа што некои за жал – простете го изразот – глупаво однесувајќи се, велат:
„Откако ќе отидам на исповед, дозволете ми да направам уште неколку гревови и тогаш духовникот ќе ги избрише сите“.
Ќе ги избрише, но лошата навика, како ќе се изборите со неа? Зашто, секогаш кога правиш грев, ја засилуваш лошата навика и ти требаат повеќекратни напори за да ја победиш страста.
Секој грев има огромна тежина, не е нешто едноставно и не треба да го земаме здраво за готово. Тоа е катастрофа.
Отец Савва Светогорец
Comments
Post a Comment
Напиши коментар