Мој Христе, каков и да е резултатот, дај им сила...

 Мој Христе, каков и да е резултатот, дај им сила...




Утрово служев света Литургија во црквата во болницата . Еден мој пријател моментално се тестира. Немајќи што друго да му понудам, го причестив.

Морав да одам и на Клиниката за детски болести на одделот за онкологија. Ме чекаа три ангели. Сите три без коса. Две момчиња и една девојче со нивните мајки. „Те чека од сабајле“, ми рече една мајка.

Се борев да ги задржам солзите. „Јустине, великодушно дај им ја надежта во Христос и престани да плачеш. Погледнете ги лицата на малите херои и биди пример за нивната храброст“, си реков. Девојчето можев да ја препознаам по лакираните нокти. „Ти си кукла“, ѝ шепнав. Таа ме погледна со тие нејзини огромни очи и почувствував како срцето ми прескокнува. „Дојди пак“, го слушнав нејзиниот слаб глас. „Ветувам, пак ќе дојдам“, со мака успеав да кажам и го погалив малиот борец по глава.

Кога се вратив во црквата , погледнав во ликот на Христос и таму можев да бидам самиот, да леам солзи: „Христе, дај им утеха и надеж на сите оние кои се оптоварени со крстот на искушението. Каков и да е резултатот, дај им сила…“


отец Јустинос Кефалурос

Comments