Многу христијани сметаат дека е грев да се работи нешто на празник...
Многу христијани сметаат дека е грев да се работи нешто на празник...
Многу христијани сметаат дека е грев да се работи нешто на празник, на пример, некоја неопходна работа, но не сметаат дека е грев да му завидуваш на ближниот, да бидеш во непријателство, да се одмаздуваш или да се опиваш, да пееш непристојни песни, да го трошиш времето безврска, во игри, во читање празни книги, во празно зборување, потсмев, гнасни зборови!
Или сметаат дека е грев да се јаде нешто скромно на постот, дури и поради телесна слабост, и без грижа на совест ги презираат или осудуваат ближните, на пример, познаниците, ги навредуваат или мамат, мерат и се препуштаат на телесната нечистотија.
О лицемерие, лицемерие! О неразбирање на духот Христов, дух на христијанската вера!
Зарем не е внатрешна чистота, кротост и смирение она што Господ, нашиот Бог, го бара пред се од нас? Зарем не треба да се исчисти внатрешноста на колибите и садовите за да биде чиста надворешноста? Зарем надворешниот пост не е даден за да и помогне на внатрешната доблест? Зошто го изопачуваме Божествениот поредок? О, да го мразиме ЛИЦЕМЕРСТВОТО и "да се очистиме од секаква скверност на телото и духот, па да твориме дела свети и со страв Божји" (2 Кор. 7:1).
Свети Јован Кронштатски
Amin
ReplyDeleteАМИН
ReplyDelete